Со тренажен процес стартуваше Стрелечкиот клуб “Херој Прилеп” под водство на тренерот Трајче Дамевски. Во групата стрелци првпат го нема репрезентативецот и македонски рекордер со пушка, 19-годишниот Мартин Ангелески. Клубот му излезе во пресрет, му издаде исписница за да премине во скопски Стрелец.
– Неговите планови се врзани со Скопје. Се надеваме дека ќе го задржи прогресот за да стигне до олимпијада – вели тренерот Дамевски.
Клубот продолжува со обука на нов кадар, со сопственото „производство“. Засега во Стрелиштето “Марко Цепенков” работат само повозрасните, а понатаму ќе се вклучат и помладите. Првите значајни натпревари се на 11 и 25 февруари.
претходна објава
следна објава