Попладнево, на игралиштето во Дојран, екипата на македонскиот прволигаш Победа на пријателски меѓународен меч се сретна со косовскиот прволигаш Феризај. Гостите победија минимално со 1:0. Ова е меч од серијата подготвителни, на кои се дотерува формата, со давање шанса на сите играчи кои се на располагање. Во играчкиот кадар, покрај познатите првотимци има довчерашни младинци, како и потенцијални засилувања од земјава и од странство.
Победа претходно играше со Шкупи, а понатаму ривали ќе бидат Охрид, Сремска Митровица, Пелистер, најверојатно и Гостивар.