Фудбал

(фото) ПРИЛЕП: ТРЕВАТА ОД 5 САНТИМЕТРИ НАМАЛЕНА НА 1,5!

За теренот со вештачка трева во Прилеп и условите за тренинзи и за натпревари сме слушнале само поволни впечатоци од корисниците. Сите се презадоволни – и играчи и тренери и судии и делегати. И при нашата посета се уверивме во чистотата и на се што е околу теренот, трибините, просториите, коишто последните три-четири години ги одржува човекот одговорен за нив Гоце Гелевски. Но, според него, постои и проблем во најново време – вештачката трева.

– Теренот со површина од 8 декари е веќе 10 години на располагање. На почетокот тревата беше висока 5 сантиметри, а сега 1,5 сантиметри. Така е затоа што беше оптоварен со натпревари и тренинзи, по цели денови. Затоа ќе може да се користи само уште една година или година и пол. Потребна е нова трева на овој терен, а за да се растовари тој неминовно е да се изградат до него уште два скратени терена за Детската лига. Се надевам дека ќе се изнајдат сили да се реши овој проблем  – вели Гоце Гелевски.

Теренот го користат од најмали до највозрасни фудбалери, од Детската лига до Третата лига – Југ.

Од категоријата

ПРИЛЕП: БОРБА ЗА НАЈМНОГУ ПАРИ ДОСЕГА!

Зоран Иге

НОВ КЛУБ СО ИМЕТО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП ДОАЃААТ ТАЛЕНТИ ОД СРБИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе