Фудбал

ОД СРЦЕ ЗА ФК ПОБЕДА ПРИЛЕП: НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА УПРАВАТА, ТРЕНЕРИТЕ, ИГРАЧИТЕ И – ПУБЛИКАТА!

Привршува првенството во сениорската Втора лига на Македонија, каде резултатски неуспех, со пласман на претпоследното, 15. место на табелата е Победа од Прилеп. Простор голем има за безброј критики, но најискрено кажано, од срце, овие луѓе што се во и околу клубот заслужуваат само највисоки оценки и голема благодарност до нив што го одржуваат овој најсакан спортски клуб за Прилеп и прилепчаните.

На многу места сме го кажале ова од срце, па и овде ќе го повториме истото – најискрена благодарност и највисока оценка за: Управата, тренерите, играчите и – публиката! За Управата оти во овие најтешки околности се нафати да го одржува клубот што учествува во пионерските лиги и во сениорската лига. Којзнае како се обезбедуваат финансии, но пролетва некако се успеа да се овозможат барем минимални услови за тренинзи и првенствени натпревари. Се одзваа и стручни лица – тренери за да работат во најтешкиот период, период во кој играчите што се на располагање мора да се распоредат во повеќе возрасни категории. Честитки за сите, за раководството, за тренерите, секако и за играчите. Сите до еден млади, премлади, има дури и на 16 години во сениорскиот тим. Веруваат дека од тренинзите и мечевите ќе имаат полза, а дека е така се виде веќе на Европското првенство во футсал во Бања Лука, каде го освоија седмото место. А искрени честитки и за – публиката. Публика којашто не престанува да го посетува стадионот и покрај високите порази од 10:0. Тоа е публика, да ги поддржува своите миленици токму кога им е најтешко. Таква публика го оправдува и некогашниот епитет „најфудбалски град“.

Истово може да важи и за Големо Коњари, екипа на последното, 16. место од второлигашката табела.

Од категоријата

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

ЗАСЛУГА ЗА БОД: БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ПАК ДАДЕ ГОЛ ВО СТРАНСТВО!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ДВА МЕЧА НА ВЕШТАШКА, ОД 14 И ОД 17 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион