На Меѓународниот турнир „Скопје Опен 2026“ за деца, помлади пионери и кадети, во организација на џудо клубовите Ипон, Карпош, Џудо Мастер од Скопје, учество зедоа околу 230 натпреварувачи од 26 клубови од 6 држави: Македонија, Албанија, Молдавија, Косово, Србија и Грција. Џудо клубот Сеишин од Прилеп настапи во сите возрасни категории и оствари одличен резултат освојувајќи вкупно 12 медали: 8 златни 2 сребрени 2 бронзени медали. Со овие резултати ЏК Сеишин Прилеп беше прогласен за најуспешен клуб, односно севкупен победник на овој силен меѓународен турнир ( освојувајќи пехар) уште еднаш потврдувајќи го квалитетот и посветената работа на клубот.
Резултати поединечно:
Кадети: Дила Пупаловиќ – 1 место Теодора Илиоска – 1 место Тамара Илиоска – 2 место
Помлади пионери: Елдина Пупаловиќ – 1 место Бисера Јовеска – 1 место Матеја Николоска – 1 место
Деца: Бисера Цветкоска – 1 место Иван Јошески – 1 место Стефани Ристеска – 1 место Христијан Бунески – 2 место Владан Стрезоски – 3 место Марко Андрејевски – 3 место
Клубот е горд и на натпреварувачите кои овојпат не успеаја да освојат медал, но со своите борби покажаа борбеност, дисциплина и вистински спортски дух, придонесувајќи за овој голем успех. Посебни честитки и до тренерите Мартин Ристески и највозрасниот тренер на турнирот Киро Здравески, кои предводеа голем број клупски членови и имаат голема заслуга за постигнатиот успех.