Финалисти во Купот на Македонија за територијата на ОФС Прилеп се Влазними јуниор (Пресил, Крушевско) и Братство (Житоше, Прилепско). Влазними јуниор е екипа член на Третата лига – Југ, каде во последното вчерашно коло освои бод на гостувањето кај Млекар во Мало Коњари, со резултат 1:1, така што Влазними јуниор го освои 8. место меѓу 14 екипи. Тимот Братство Житоше е нов член на Општинската А-лига на ОФС Прилеп, по освојувањето на првото место во Општинската Б-лига, со 14 бода, меѓу 8 тима. Во полуфиналето, вчера, Братство Житоше победи службено со 3:0, бидејќи гостинот, екипата Кадица од Забрчани, првак во Општинската квалитетна А-лига на ОФС Прилеп, не допатувала во Житоше.
Финалето Братство Житоше – Влазними јуниор е закажано за четврток – 28 мај, во Житоше, од 17 часот.