Во јавноста имаше дилема кога ќе биде пријателскиот фудбалски меч помеѓу прволигашот Победа и второлигашот Воска. Договорено е да se одигра утре (среда) од 14 часот во Охрид. Така, прилепските фудбалски љубители, симпатизери на Победа, својот омилен тим ќе можат да го видат на некој следен натпревар. Можеби против битолски Пелистер, Гостивар или гевгелиски Кожуф. Во секој случај, до почетокот на пролетниот дел од прволигашкото првенство секако дека прилепската екипа ќе има контрола и на домашен терен.
Утрешниот е четврти пријателски меч. по тие со Шкупи, Феризај и Охрид.