Пинг-понг

СОВЕТОТ НА ЃОКОВИЌ КАЈ НАШАТА СОФИЈА!

– Кога еден од најдобрите спортисти на светот, популарно GOAT, во спорт, најсличен на нашиот, при преземањето на пехарот за последниот освоен GRAND SLAM-турнир, ќе напомене дека младите спортисти треба да ги следат своите соништа и да сонуваат наголемо, несомнено е дека советот треба да се прифати со две раце – вака загадочно ни се обрати Зоран Јованоски, пингпонгарски селектор на Македонија..

Кога горенаведеното ќе до донесеме во рамките на неговиот, пингпонгарски спорт,  тој веднаш открива за кого конкретно се работи, и го истакнува името на неговата ученичка, 15-годишната Софија Хасану. Софија тренира пинг-понг по малку во  Крушево,  повеќе во Прилеп, настапува во сите можни конкуренции за нејзина возраст, се натпреварува и во машка конкуренција, репрезентативец е во сите категории, на секој тренинг е максимално концентрирана и работи напорно за секој поен…Во наредниот период ќе настапува и во соседно Косово, што е уште еден доказ дека трудот и резултатите, кога-тогаш, се ценат.

– Софија е одличен средношколец со сите петки (што за мене е исклучително важно) и пак наоѓа време да се посвети максимално на целулоидното, сега пластично топче, има максимална поддршка од семејството, од мене лично и од моите соработници, за да ги реализираме предвидените тренинзи. Софија го сонува сонот на оној што го споменав на почетокот од овој текст, нормално, во нашите рамки и за нашиот спорт. Чувствувам огромно задоволство и неизмерна среќа, што и јас, со моето знаење, помагам таа да  продолжи да сонува… И ќе бидам секогаш тука, кога ќе има потреба , колку што можам да помогнам, за да се оствари сонот… Софија, продолжи вака и ништо не може да те спречи да го оствариш твојот сон. Оној сон за кој зборуваше Н.Ѓ., оној од почетокот на текстов… – порачува Јованоски.

Младата пингпонгарка има пред себе цел, има за што да се труди, има и од кого да учи – од голем мајстор..

 

 

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СО 18 МЕДАЛИ!

Зоран Иге

(фото) ТРЕНИНГ ПРЕКИНАТ ПОРАДИ ПОПЛАВЕНА САЛА!

Зоран Иге

ЗАТИШЈЕ ПРЕД ДЕРБИТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе