Фудбал

СЕДУММИНА ДОЈДОА, УШТЕ ТРОЈЦА ЌЕ ИМА НОВИ ВО ПОБЕДА!

Според објавата на Фудбалската федерација на Македонија, на 11 февруари (в сабота) завршува зимскиот преоден рок за фудбалерите. Нема клуб кој нема промени во играчкиот или тренерскиот кадар. Новости има и во прволигашот Победа. Освен промената на местото шеф на Стручниот штаб, наместо Бобан Бабунски е Благојче Дамевски, има новости и кај фудбалерите. Некои заминаа во други клубови, некои останаа, дел од шампионската младинска школа се префрлени во првиот тим (сериозно се смета на Андреј Аризанкоски, Леонид Кофиловски, Давид Дебрешлиоски, Димитар Кочоски), а има и сосема нови. Дознаваме дека четворица се од државава (Ване Јованов од Саса, Андреј Кудијан од Кожуф, Арменд Алиу од Гостивар),  плус еден повратник (Лука Трајкоски од Борец), двајца од Србија (Василије Делибашиќ од Белград и Миодраг Петковиќ од Крушевац), еден од Израел (Салеем Фавахри)… Секако дека последниве денови можат да донесат уште, а најавени се уште тројца.

По контролите со Шкупи, Феризај, Охрид, Воска, Вождовац и Лозница, има време за уште еден пријателски меч в недела (13 ч. на Градски во Прилеп), со второлигашот Борец. што е генерална проба пред пролетниот дел од Првата лига.

Од категоријата

ПРИЛЕП В САБОТА Е ФУДБАЛСКИОТ ЕПИЦЕНТАР!

Зоран Иге

(ФОТО) ДЕСПИНА ГО ДОБИ ДЕРБИТО, ЗАДОЦНЕТО ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА НА СУДИИТЕ!

Зоран Иге

ДЕРБИЈА ВО ПРИЛЕП И КРУШЕВО НА ТРЕТОЛИГАШКИОТ СТАРТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе