Пинг-понг

ЕДЕН ПЕХАР КОН СРБИЈА, ЧЕТИРИ ОСТАНАА ДОМА!

И вториот ден одлични беа македонските пингпонгари на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“ во Прилеп. Во категоријата сениорки  нов блесок на Софија Хасану кој го освои златото, во завршницата подобра од домашните ривалки Сара Стојановска, Ива Димитриевска и Изабела Ковачевска. И во конкуренциите за ветерани, сите победнички пехари останаа дома, кај македонските учесници. Во категоријата од 40 до 49 години победи Васко Манасиески, пред Дритан Ласка (Албанија), Боби Грковски и Сашо Љамов (Македонија). Во групата за ветерани од 50 до 64 години најдобар е Сашо Љамов, пред Ристо Темелков и Мартин Калески (сите од Македонија) и Вирон Махмутај (Албанија), а кај ветераните над 65 години победи Петар Јованоски, додека награди добија и Ангел Симовски, Трајче Унчев и Томе Петков (сите од Македонија).

Само еден победнички пехар отиде во странство, во Србија, по победата на Душан Павловиќ (Стак Нови Београд) во категоријата сениори. Веднаш под него се пласирани: Мурат Куртлуз (Косово), Арон Кони (Албанија) и Кејди Калај (Албанија).

Успешно помина второто издание на турнирот, а за в година организаторот, клубот Младост 96, најави уште повеќе учесници, од повеќе држави.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ВЕТЕРАН ПОБЕДУВА И НА 65 ГОДИНИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ СО ЕДНА НОГА ВЕЌЕ ВО ФИНАЛЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ОД 1:3, СВРТИЈА НА 4:3!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе