Фудбал

ДЕТАЛИ ЗА ДЕСЕТТЕ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Во зимскиов преоден рок кој е при крај, во прволигашот Победа пристапија десетмина нови фудбалери. Најнов е 21-годишниот Керим Делен (Боткирка, Шведска), а има уште тројца од странство. Тоа се: 19-годишниот Василије Делибашиќ (Белград, Србија), 19-годишниот Миодраг Петковиќ (Крушевац, Србија), 23-годишниот Салеем Фавахри (Мазра, Израел).

За место во тимот на тренерот Благојче Дамевски ќе се борат и засилувањата од државава. Меѓу нив се двајца штипјани, 24-годишниот Ване Јованов (доаѓа од Саса, има играно за скопски Вардар, Академија Пандев, штипска Брегалница) и 26-годишниот Владимир Дујовски (доаѓа од Саса, а има играно за штипска Брегалница),   

Списокот продолжува со 23-годишниот кочанчанец Оливер Стоименовски (доаѓа од Македонија ЃП, а има играно за Работнички, во Азербејџан), 26-годишниот кичевчанец Арменд Алиу (доаѓа од Аресими Гостивар, а има играно за Воска, Ренова, Македонија ЃП , во Косово), 23-годишниот прилепчанец Лука Трајкоски (повратник во Победа, доаѓа од Борец, а има играно за Тиквеш и Македонија ЃП). На крајот го споменуваме и 25-годишниот скопјанец Андреј Кудијан (доаѓа од Кожуф, а има играно за Гостивар, штипска Брегалница, Скопје, Работнички). Тој е стрелец на двата гола за Победа, на пријателскиот меч со Борец, во неделата.

Екипата на Победа борбата за прволигашки опстанок ја почнува в недела, дома, со Работнички. 

Од категоријата

НЕМА ГОЛЕМ, САМО МАЛ ФУДБАЛ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) НЕМАА НИ БОД, ГО СОВЛАДАА ЛИДЕРОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе