Фудбал

ТРОЈЦА БИВШИ ПОБЕДАШИ В НЕДЕЛА ВО ПРИЛЕП!

Некогаш по 10-15 години фудбалери не го менуваа клубот, а сега секои шест месеца, па често се случува довчерашни членови на еден тим набргу да играат против него. Така и в недела (14 ч.) кога е стартот на пролетниот дел од Првата фудбалска лига на Македонија, во чија рамка е мечот Победа – Работнички. Илјадниците гледачи на Градскиот стадион “Гоце Делчев” ќе можат да ги видат засилувањата за домашната екипа, но и бившите победаши во гостинскиот состав. Тоа се: Атхе Мазари, Филип Тодороски и Николче Шаркоски.

Неделниот дуел помеѓу деветтата Победа и осмиот Работнички, ќе го судат Јован Качевски (Струга), Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски (Кичево).

Од категоријата

(фото, видео, стрелци) ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СТАДИОНОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“!

Зоран Иге

Куп осминафинале : Победа – Македонија ЃП

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОБЕДИ, А 2.000 ГЛЕДАЧИ РАЗОЧАРАНИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе