Во меч од 2. рунда на плеј-аутот од машката ракометна Супер лига, Скопје со 24:22 го совлада Прилеп. Во салата „Форца“ домашните имаа водство откако во првите десетина минути беше израмнето. На полувремето водеше Скопје со 12:8. Понатаму разликата се зголеми, а во финишот гостите се изборија за чесен пораз. Со трите бода Скопје, чиј тренер е прилепчанецот Горан Кузманоски, ја презеде првата позиција со 8 бода, додека Прилеп остана на 5.
Во следното 3. коло Скопје гостува на Вардар во Неготино, Прилеп игра дома со Струга