Фудбал

ВАЛЕНСИЈА 1982 – ПРИЛЕП 2023

Некои фудбалски настани поттикнуваат сеќавање на минатото оти се речиси идентични. Така, вчера имаше судиски превид во Прилеп, кога беше досуден пенал во полза на Силекс против Победа, за удар на топката в рака надвор од шеснаесетниот. Нешто слично се случи во 1982 година, кога на Светското во Шпанија, на стадионот во Валенсија беше досуден пенал за Шпанија против Југославија. Фаулот беше направен скоро еден метар надвор од шеснаесетникот, но судијата покажа пенал.

Дека е направена грешка вчера во Прилеп, потврда е денешната анализа во ФФМ, која гласи:

„65 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА  ( Досуден удар од 11 метри). Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домаќините, играч од екипата на домаќините пред линијата на 16- сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело). Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домакините е на самата линија од 16- сетникот, играта со рака на играчот на домакините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар.“

Од категоријата

ШТО ЌЕ СМЕНИ ПОБЕДА ЗА МЕЧОТ СО ТИКВЕШ?

Зоран Иге

ТИЕ СЕ „БОРИНИ“ И ПРВИ ДОЗНАВААТ СЕ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе