Прилеп некогаш беше еден од ретките градови во Југославија, а покрај главниот град единствениот во Македонија со две спортски сали – Универзална сала и салата „Македонија“. Спортските екипи што гостуваа се восхитуваа од фактот што еден мал град има две убави спортски сали, па може да се одбира каде да се одигра некој натпревар. Но, како одминуваше времето се случуваа прекини.
Салата „Македонија“, пуштена во употреба во 1978 година, беше опустошена во пожарот 1993 година, па повторно пуштена во 2002 година. Во неа се играа натпревари некаде до 2010 година. Универзалната сала на Тутунскиот комбинат своите врати за спортистите ги отвори во 1976 година. Честопати беше реновирана, најобемно во 2010 година кога беше преименувана во Арена „Сонце“. Од 2014 година наваму во неа ретко влегуваа спортисти, за во 2021 да биде пак пуштена во употреба.
Денес и двете сали се затворени, но надежна е последната иницијатива за Универзалната сала.