Потсетување за љубителите на фудбалот дека викендов има измена во врска со распоредот на натпреварите. Втората лига е, безмалку цела, в недела, но има два меча в сабота и еден в среда, Првата в сабота. во 15 часот. Еве ги двојките за в сабота од 15 часот за 24. коло на Првата лига: Тиквеш – Македонија ЃП, Академија Пандев – Шкупи, Работнички – Струга и Победа – Силекс. Иако Победа е во тешка ситуација на табелата, надежите и шансите за опстанок постојат, па се очекува пак голема посета на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. В недела се игра Скопје – Шкендија.
ТАБЕЛА: Струга 43, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.