Прилепчанецот Зоран Даноски вечерва постигна една од највредните победи во кариерата. Во српската Супер лига, со неговиот Радник од Сурдулица успеа со 2:1 да го совлада фаворитот Партизан, и тоа во Белград. Ова е вистинска сензација, со оглед на тоа што Партизан до пред мечот беше втор на табелата со 54 бода, а Радник на претпоследното 15. место со 17. Головите за гостите ги дадоа Радуловиќ и Јокиќ, а Даноски одигра во првата постава до 79. минута.
Во следното коло Радник дома игра со третопласираниот ТСЦ од Бачка Топола.