Фудбал

ДЕСПИНА РАСПОЛОЖЕНА ЗА ГОЛОВИ, ПОСТИГНА 10! (фото)

Многу голови денеска на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Домашната Деспина со 10:1 го совлада Кочани, во 15. рунда на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Четири гола постигна Ана Боризоска, по 2 Настасја Накова и Србинката Жељана Максимовиќ, по 1 Анастасија Илиевска и втората Србинка Николина Батиниќ. Почесниот гол за Кочани при крајот на мечот го даде Андреа Донева.

Од ова коло претходно се одиграа Шкендија – Ас унитед 3:7, Истатов – Борец 8:0, Речица – Љуботен 1:6, а во нареден термин ќе биде мечот Скопје – Тиверија. ТАБЕЛА: Љуботен 38, Саса 34, Тиверија 30, Ас унитед 29, Деспина 27, Скопје 22, Истатов 18, Речица 10, Шкендија 4, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0.

СЛЕДНО 16. КОЛО: Љуботен – Деспина, Ас унитед – Речица, Кочани – Скопје,  Саса – Истатов, Борец – Шкендија.

Од категоријата

(фото) НАШ ПРИЛЕПЧАНЕЦ НА КАФЕ КАЈ СЕРЖ ГНАБРИ ОД БАЕРН!

Зоран Иге

ПОДДРШКА ЗА ПОБЕДА ОД ЛОНДОН!

Зоран Иге

состави, стрелци) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ДАДЕ ГОЛ ВО ШТИП, МИРИСАШЕ И НА ПЕНАЛ, ВТОРИОТ ПРИМЕН ГОЛ ОД ОФСАЈД,НО…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе