Во борбата за бараж-местото во Првата фудбалска лига на Македонија, Скопје ја зголеми предноста на 4 бода пред Победа. Попладнево во Тетово очекувано домашната Шкендија со 2:0 ја совлада Победа. Меѓутоа, изненадување на Чаир приреди Скопје со триумфот врз домашниот фаворит Шкупи, со 1:0. Така сега Скопје има 17 бода, Победа 13.
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО: Шкендија – Победа 2:0, Струга – Академија Пандев 3:1, Шкупи – Скопје 0:1, Брегалница – Тиквеш 0:0. Вчера Македонија ЃП – Работнички 2;1. ТАБЕЛА: Струга 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница и Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 17, Победа 13.
СЛЕДНО 26. КОЛО (9 април во 15 ч.): Победа – Шкупи, Брегалница – Македонија ЃП, Тиквеш – Силекс, Скопје – Струга, Академија Пандев – Работнички.