Џудо

БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВО КОЈ ГРАД?

Балканскиот шампионат во џудо за кадети е на 9, 10 и 11 јуни, но подготовките совреме се почнати. Шампионатот е интересен, пред се, затоа што се одржува во Македонија. Се уште не е одреден градот-домаќин, но таа одлука Џудо-федерацијата на Македонија, чиј претседател е прилепчанецот Владимир Трпаноски, се очекува да ја донесе до православниот Велигден.

Во меѓувреме, претходниот викенд, во Прилеп, во организација на Џудо-федерацијата и клубот Сеишин, се одржаа тренинг-подготовки на потенцијалните кандидати за репрезентацијата која ќе настапи на Балканијадата. На потег е селекторот, м-р Дејан Мицкоски кој работи согласно планот и програмата за спроведување тренинг-подготовки, а воедно ќе изврши и првична селекција на кандидати за кадетската репрезентација. Мицкоски има поддршка до тренерите Мики Чадамов и Трајче Марков.

Подготовките се долготрајни и квалитетни, затоа што Македонија, како домаќин, има амбиција да освои што повеќе медали на Балканијадата.

 

Од категоријата

ТИРАНА ГИ ЗАПАМТИ МАКЕДОНЦИТЕ!

Зоран Иге

ТРИ МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

НОВИ ТРЕНЕРИ И СУДИИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе