Екипите на Љуботен од Тетово и Саса од Каменица се финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија за жени. Во денешното полуфинале, Шкендија – Љуботен 1:13, а Саса – Деспина 2:1. За разлика од првиот, вториов дуел беше рамноправен и неизвесен. Откако домашните поведоа со 1:0 преку Елма Шемсовиќ во 40. минута, израмнувањето се случи во 71. минута со голот на Анастасија Илиевска. Сепак, веќе во 73. минута Бразилката Јоелма Алвес го постигна конечниот резултат.
Следните натпревари се во 18. рунда на Првата фудбалска лига, Саса – Борец, Ас унитед – Деспина.