Финалето од плеј-офот на А-лигата на ОФС Прилеп и припадна на Кадица со убедлив триумф од 3:0 над Стрела (Ерековци), со што екипата од Забрчани стекна право на учество во Третата лига – Југ. Меѓутоа, доаѓаат информации дека клубот засега не бил во состојба да се натпреварува ранг погоре од неколку причини, не само финансиски. Ранг погоре не е лесно и едноставно. Лани Канатларци се вклучи во Третата лига – Југ, но се откажа на полусезона.
Добро упатените велат дека неизвесноста нема да трае долго. Деновиве што се пред нас ќе се дознае која екипа од територијата на ОФС Прилеп ќе го заземе местото меѓу третолигашите.