Фудбал

КОЈ ЌЕ БИДЕ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ?

И во лето, во паузата од првенствата, се очекуваат новости од најпопуларниот прилепски спортски клуб, Победа. Засега, во врска со овој клуб дознаваме дека се бара нов шеф на Стручниот штаб, додека со досегашните тренери Благојче Дамевски, Сребре Стефаноски, Дејан Кебакоски и Стојанче Дунимаглоски ќе се разговарало за натамошниот статус.

Во врска со играчкиот кадар за настап во Втората лига, извесно е дека ќе се настојува квалитетните фудбалери да се задржат, а да им се даде шанса на најдобрите од младинскиот погон, од Школата која обезбеди учество и во следната сезона од Супер лигата. Се ќе станува појасно по 15 јуни, кога стартува преодниот рок, особено на почетокот од јули кога ќе биде првиот клупски собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Секако, финансискиот проблем е најважен, па клубот очекува поддршка од приватниот сектор.

Од категоријата

ВОСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ОБНОВЕН КЛУБ ПО 17 МЕСЕЦИ ПАУЗА

Зоран Иге

ПО ГОДИНА И ПОЛ ДОАЃА НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе