Ако нема официјални, службени информации поврзани со Победа, добредојдени се неофицијалните. Најновото што допре до нас е сериозната намера на бизнисмен да влезе во клубот, во пресрет на новата сезона од Втората фудбалска лига. Влегувањето било условено со „чист терен“, т.е. со можност за формирање своја екипа за менаџирање. Многумина дале согласност, се чекало само уште последното изјаснување. Деновиве пред нас ќе покажат колку од ова ќе се оствари.
Претходно од Победа беше најавено само дека првиот собир за тренерите и фудбалерите ќе биде на почетокот од јули.