Попладнево многу дожд изнаврна во Прилеп, теренот од игралиштето кај Могилата беше преплавен со вода, па финалниот куп-меч за територијата на ОФС Прилеп, помеѓу Стрела (Ерековци) и Питу Гули (Крушево) се одигра на другиот крај на градот, на теренот со вештачка трева. Според очекувањата, убедливо, со 3:0 победи третолигашот Питу Гули, со два гола на Беким Алимоски и еден на Ѓорѓи Стрезовски. Крушевскиот тим не искористи пенал.
И покрај силниот дожд, се одржа куса церемонија со доделување на победничкиот пехар од страна на делегатот Зоран Перески на капитенот Ѓорѓи Стрезовски.
Питу Гули му се придружува на второлигашот Победа во натамошната фаза од Купот на Македонија.