Од денешниот претпладневен тренинг на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ второлигашот Победа ја води новиот шеф на Стручниот штаб Филип Мирчески. Тој досега го користеше годишниот одмор. Според тоа, се комплетира тренерскиот кадар, каде се уште Стојанче Дунимаглоски, Сребре Стефаноски и Жарко Димески. По тренинзите на кондициски план, следат на техмички и тактички, со одигрување серија пријателски мечеви.
Првиот ќе биде тренинг-меч меѓу два тима на Победа, в сабота.