Наесен е можно на фудбалската сцена да се врати Корзо, клуб кој остави трага во прилепскиот фудбал. Всушност, ова е нов клуб, а со некогашното име. Основан е во 2016 година, и сега се очекува само негово активирање, со учество во Б-лигата на ОФС Прилеп. Дознаваме дека имало акивности за ангажирање тренер и играчки кадар.
Потсетуваме на историјата: Корзо првпат како фудбалски клуб се појавува во 1972 година, по дваесетина години згаснува, па се обновува во 2008 година кога ги бележи најдобрите резултати со влез во Втората лига на Македонија се до летото 2013 кога се фузира со Шкупи.
Ако успее да се активира, Корзо натпреварите како домаќин ќе ги игра на теренот кај Могилата.