Фудбал

ПРВА ПОБЕДА СО НОВОТО ИМЕ – ЦЕВИТАНА!

Попладнево на игралиштето со вештачка трева во Прилеп екипата Цевитана со 3:1 го совлада битолски Топ-Гол, на пријателскиот подготвителен меч за прволигашкото првенство. Ова е прв успех на прилепскиот клуб под новото име Цевитана, замена за досегашното Деспина.  Трите гола за победникот се дело на 17-годишната битолчанка Анастасија Илиевска. 

Екипата Цевитана, четвртопласирана од претходното првенство, во своите редови ја задржа голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина. Таа е единствената од странство, затоа што клубот им дава шанса на младите фудбалерки низ поголема минутажа да стигнат до прогрес. Според клупскиот претседател Славчо Ѓорѓијоски, до 15 август се очекуваат две-три засилувања во одбраната или средниот ред и нападот. Што се однесува до местото шеф на Стручниот штаб, наместо Стевче Талески поставена е Катерина Милеска, која ќе биде и натаму и играч, додека ќе и помага искусниот тренер Диме Аџулески.

Првенството во Првата женска фудбалска лига почнува на 26 август, со мечот Шкендија –  Цевитана.

Од категоријата

И ЧЕТВРТИ ГОЛ ВО КОЧАНИ, НА ДУЕЛОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА!

Зоран Иге

НАШАТА МИЛЕСКА ДО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА АМЕРИКА!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА КОЈ ГУБИ – ОТПАЃА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе