Нерешено 1:1 е исходот од пријателскиот фудбалски натпревар меѓу вечните соседни ривали Победа и Пелистер. Голема борба се водеше како да се играше за пехар. На играчите не им пречеше ни ветерот ни поројниот дожд, ниту водата на делови од теренот.
Битолчаните поведоа во 3. минута со голот на искусниот Симеон Христов. Се играше до 10. минута и тука се чинеше дека ќе биде крајот, бидејќи од сите страни надвисија облаци, се истури дождот, фудбалерите и судиите се разбегаа. Но, по десетина минути откако се насети смирување, капитените со судиите се согласија да продолжи мечот. До крајот на полувремето остри стартови, пак борба, но без гол, со минималното водство на гостите. Во второто полувреме прилепчаните одлучија уште повеќе да направат обиди за израмнување. Тоа им успеа преку младиот Мартин Талески (повратник од крушевско Питу Гули), кој неодбранливо, силно биеше во горниот агол.
Во финишот и двата ривала се стремеа кон победата и имаа шанси. Победа до таа цел беше најблиску кога откосо биеше Беким Алимоски (и тој е повратник од Питу Гули), а топката помина неколку сантиметри покрај дирекот.
ПОБЕДА: И. Николоски – М. Талески, Белески, Стомнароски, Кукески – Ј. Наумоски, Кочоски, Ѓорѓиовски – Ф. Димоски, А. Петејчук, Алимоски. Тренер: Филип Мирчески. Уште играа: С. Спиркоски, Ф. Спиркоски, Богевски, Л. Петејчук, Миланоски, Г. Димоски, Трајкоски, Табаковиќ.
ПЕЛИСТЕР; Петровски – Пановски, Костов, Гроздановски, Миленковски – Б. Љамчевски, М. Наумоски, Б. Спиркоски – Д. Јошески , Размоски, Христов. Тренер: Влатко Костов. Резерви: Димовски, Стојановски, М. Дебрешлиоски, Стефановски, Здравевски, Парталко, П. Љамчевски, Наумовски, Трајковски, Талевски, Силјановски.
НОВ ОД БЕЛАСИЦА ВО ПОБЕДА
Во екипата на Победа денеска првпат настапи 16-годишниот Алекс Константино Ѓорѓиовски. Доаѓа од Беласица, игра во средниот ред. Изненади со тоа што толку млад не само што се избори за шанса, ами и настапи во првата постава. Иако доаѓа од Струмица, во неговата биографија пишува дека е роден во Нов Зеланд, а бил жител на Скопје. Има настапувано за скопските Кул здравје, Работнички и Македонија ЃП.
Што се однесува до Дарко Грозданоски (досегашен напаѓач на Беласица) неговото доаѓање во Победа ќе се случи по два-три дена.
ВИДЕО-ИВЕШТАЈ ОД МЕЧОТ Е НА ЛИНКОТ: