Младинецот Лука Огненоски,и кадетот Трајче Маркоски играчи на ППК Младост96,изминатата недела беа на седумдневен камп во Власина Србија.Работеа на усовршување на техниките,како и на кондициони подготовки,со мошне квалитетни тренери од Србија Бугарија Македонија.Начинот како ги одработија подготовките,резултираше со три освоени медали на завршницата на кампот,на два одделни турнири во Србија.
Претпоследниот ден од кампот во Власина каде учествуваа повеќе од 100 деца од 9 земји,Лука Огненоски го освои третото место во категорија младинци.Во групата со три победи се квалификува во елиминациите, како прв од група,и во 1/8 финале и 1/4 финале извојува две победи каде потоа беше запрен во полуфинале од играч од Бугарија со 3-0.Трајче Маркоски во категорија млади кадети се пласира во 1/4 финале.
На меѓународниот турнир наредниот ден во Сурдулица ,каде имаше голема конкуренција повторно одлична игра на двајцата пингпонгари,и освоени два нови медала.Лука Огненоски повторно со бронзен медал .исто како и Трајче Маркоски,каде победија доста квалитетни противници.
Клубот Младост96 за наредната сезона повторно се очекува да биди конкурентен за највисок пласман во сите категории на натпреварување.