Денеска се натпреварите од 2. рунда на Втората фудбалска лига, а еден од најпривлечните за публиката е Башкими – Победа. Прилепскиот тим на стартот постигна највисока победа од 5:1 над Тетекс, а кумановскиот дома со 1:0 го совлада Охрид. Нема сомнение дека многу гледачи ќе има на стадионот на Башкими во Куманово. Влезот е 100 денари. Главен судија е Александар Урошевиќ (Тетово), помошници Идриз Идризи (Тетово) и Александар Гигов (Штип).
ДЕНЕСКА ОД 17 Ч.: Башкими – Победа, Охрид-Караорман, Вардар (Н)-Кожуф, Скопје-Детонит, Аресими-Саса, Пелистер-Новаци, Беса-Беласица, Тетекс-Осогово.
ТАБЕЛА: Победа, Беса, Кожуф, Новаци, Пелистер, Башкими и Детонит 3, Саса и, Скопје 1, Вардар (Н), Охрид, Аресими, Беласица, Караорман, Тетекс и Осогово 0.