Само што објавивме за проблемот со мрежите поставени на фудбалските голови на игралиштето со вештачка трева во Прилеп (бидејќи првите мрежи, иако мошне квалитетни, се оштетиле и биле заменети со други, на кои исто така неодамна им поминал рокот за употреба), проблемот веднаш е решен со убав потег од Женскиот фудбалски клуб Цевитана и Општинскиот фудбалски сојуз.
– Заедно со ОФС Прилеп ќе обезбедиме нови мрежи, кои ќе бидат донирани за теренот со вештачка трева. Можно е тоа да се случи веќе утре, за сите натпревари непречено да се одиграат викендов. Почнува Третата лига, Општинската, во тек се лигите од младинските категории. Мораме да излеземе во пресрет на сите – најави Славчо Ѓорѓијоски, претседател на ЖФК Цевитана, женскиот фудбалски прволигаш.
Според ова, сите клубови со една грижа помалку во иднина можат да се посветат на тренинзите и натпреварите на игралиштето со вештачката трева во Прилеп.