Фудбал

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ ВО ТЕТОВО!

Реткост е во фудбалот да се постигнат 11 гола за еден натпревар. Тоа денеска и успеа на прилепска Деспина. Во Тетово забележа триумф од 11:4 со домашната Шкендија. Изненадување, затоа што пред овој меч Шкендија беше повисоко на табелата со 19 бода, пред Деспина со 17. Сега Деспина се искачи на 8. место, Шкендија падна на 9. Стрелци на денешниот дуел беа: Емини Медина и Хава Мустафа по два за Шкендија, а Катерина Милеска и Теодорра Јанковска по четири, Михаела Настовска, Ана Боризоска и Анастасија Илиевска по еден за Деспина. Првенството во Првата женска фудбалска лига заврши. Нов шампион е тетовски Љуботен, отпаѓаат битолските Топ гол и Атлетико.

Табела: Љуботен 55, Тиверија 54, Саса 53, Скопје 43, Ас унитед 41, Борец 39, Истатов 33, Деспина 20, Шкендија 19, Речица 14, Топ гол 10, Атлетико 1.

Од категоријата

ПОЧНУВА ПРЕСЕЛБАТА

Зоран Иге

КАКО ЌЕ СЕ СНАЈДЕ ЖЕНА НА МЕЧОТ ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА?

Зоран Иге

ПОБЕДА ПРОТИВ БЕЛАСИЦА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе