Фудбал

ИНТЕРЕСНО Е САМО ПРВЕНСТВОТО?

По поразот на пенали од Јанг тим во Струга, низ Прилеп е разочарувањето меѓу приврзаниците. Се чудат како може да се загуби од третолигаш, и тоа со играч повеќе во последните 20 минути. Дали е во прашање распоред на силите?

Ако повозрасните фудбалски љубители можат да се сетат дека не само првенството, ами и Купот беше исто интересен за сите клубови некогаш, тоа сега не е баш така. Наместо 16 меча, вчера во Купот на Македонија се одиграа само 12, оти некои екипи претходно се откажаа.  Не е како некогаш кога со нетрпение се чекаше ждрепката за да се дознае противникот. Кога играше Победа во некогашната Југославија, во првите кола беше мотив кај противниците (понискорангираните екипи) да се покажат и евентуално да направат сензација против неа, а за Победа, со прогрес кон завршницата значеше можност за афирмација, на натпреварите против посилните, прволигашки екипи, како Вележ, Будуќност, Осијек…

Очигледно, сега Купот не е на исто ниво привлечен, па оттука може да се сфати дека Победа во Струга се појави со, безмалку, младинска постава. Од една страна на најмладите во екипата им се даде шанса, од друга – се зачуваа силите за првенството. Прилепскиот тим се бори да се приклучи кон горниот дел од второлигашката табела, а в сабота е значаен дуел дома со Новаци.

Во екипата на Победа за следниот натпревар се враќаат одбранбените играчи кои паузираа поради црвен картон – Стефан Спиркоски и Христијан Кукески.

Од категоријата

ПРВА ПОБЕДА СО НОВОТО ИМЕ – ЦЕВИТАНА!

Зоран Иге

РАДОСТ ЗА ГОЛ СО ФРЛАЊЕ ШИШЕ В ТЕРЕН!

Зоран Иге

БАБУНСКИ ОЧЕКУВА СРЕДБА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе