Фудбал

БАБУНСКИ: ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА МИ СЕ ДОПАЃА И КОГА ВИКА ПО НАС И КОГА НАВИВА ЗА НАС, БИДЕЈЌИ Е ВО ГОЛЕМ БРОЈ!

За секој прволигашки натпревар на Победа  овозможуваме стручно мислење. Така и по завчерашниот дуел Победа – Тиквеш (0:1) подолу се зборовите на Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб на Победа.

Обележје на соседското дерби беше публиката?

– За големо поздравување е масовното доаѓање на прилепскиот стадион. Многу за нас значи таа поддршка. Прилепската публика ми се допаѓа и кога критикува и вика по нас,исто толку и кога навива за нас. Тие страсни фудбалски љубители дали ќе  навиваат, дали ќе викаат по нас, најбитно е секогаш да бидат масовно присутни на трибините. И во двата случаи ние сме презадоволни, оти настапуваме пред многуброен народ – порачува Бабунски.

Впечатоци за тоа што беше на теренот?

– Сосема различен меч во споредба со првиот во Струга. Сега имавме доста квалитетни моменти и некоја нова идеја да нападнеме. Пресионираме повисоко, едноставно ние да ја земеме топката и да се обидеме да ги иницираме акциите. Во дефанзива мислам дека добро контролиравме скоро цел натпревар, со една деконцентрација во последените секунди од првиот дел. Тој е моментот којшто на некој начин треба да го коригираме. Ценам дека се подобруваме во сите фази. Далеку е од она што го очекуваме сите, но сигурен сум дека секој натпревар ќе одиме во прогрес.

Улогата на играчите, на пример Анатолиј Петрејчук и Антонио Бошески?

– Петејчук од улога во средниот ред доби поофанзивна, во нападот. Бошески минатото првенство играше по десната страна, негова природна позиција. Но, со своите физички и технички способности летово го искористивме за средниот ред. Во неделата пак беше по десната страна, знаејќи дека токму таму е Даниел Карчески од Тиквеш. Гледам нагорна линија и кај Бошески и кај другите.

В сабота гостувате кај Македонија ЃП?

– Тие се во голем напредок, практично се преродија од полусезоната наваму. Станаа мошне стабилна екипа. Тоа се виде на последниот натпревар на кој му дадоа отпор на шампионот Шкупи. Ги знаеме нивните квалитети. Ние сме со една нова идеја, мотивација. Од натпревар во натпревар сакаме да сме подобри и оттука очекуваме успешен меч за нас. Што се однесува до екипата, може да имаме само мали измени. Чекаме што ќе биде со Џејмс, Амос, Ѓурковиќ и неколкумина заздравени – ни рече Бобан Бабунски.

Од категоријата

ДЕНЕСКА ПОБЕДА Е ВО СТРУГА!

Зоран Иге

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

Зоран Иге

(ФОТО+СТАТИСТИКА) ЕДЕН ГОЛ ЌЕ РЕШЕШЕ, АМА И ТОЈ НЕ СЕ ПОСТИГНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе