Екипата Победа се збогува со Купот, тоа може да се толкува дека сите сили ги вложува во првенството од Вотората лига, па останува да се види до каде се можностите. Утре (сабота) е пелагониската пресметка Победа – Новаци, за која се очекува полна трибина на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Интересот за гледање е затоа што Новаци е екипа за респект, ако се земе предвид оти е два бода пред Победа, а пред точно два месеца на пријателскиот меч со 2:1 победи во Прилеп. За јавноста интересно е што тренер на Новаци е Дарко Крстески, долгогодишен играч и капитен на Победа, на двапати и нејзин тренер.
Натпреварот ќе го суди Бењамин Ќерими со помошниците Александар Недевски и Александар Николоски (сите од Скопје), а делегат е Дритан Бакали (Дебар).
САБОТА ОД 15 ЧАСОТ: Победа – Новаци, Охрид – Скопје, Арсими – Вардар Н., Пелистер – Караорман, Беса – Кожуф, Тетекс – Детонит, Башкими – Саса, Осогово – Беласица.
ТАБЕЛА: Кожуф 15, Детонит 13, Беса 12, Пелистер 10, Беласица, Башкими и Новаци по 9, Победа и Охрид 7, Арсими, Вардар и Тетекс по 6, Скопје 4, Караорман 3, Саса 1, Осогово 0.