Денешното попладне и вечерта во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп има два сениорски ракометни меча. Прво во 16 часот е Деспина – Металург од 2. рунда на Супер лигата за жени. Претходно во првото коло, Стружанка – Деспина 25:16, Металург – Спартак 31:23.
Во истата сала во 18,30 часот е мечот Прилеп – Вардар Н., од 3. коло на Б-групата од Супер лигата за мажи. Домашните одат на втората есенска победа, по победата над Бутел и поразот од Пролет. Екипата од Неготино има два пораза – од Пролет и од Голден арт.
Женската екипа Деспина дома ќе настапи по пауза од четири и пол месеци.