Денеска се натпреварите од 3. рунда на Третата фудбалска лига – Југ. На теренот со вештачка трева во Прилеп е дербито Ултрас (Прилеп) – Слога (Лажани). Двата тима досега немаат пораз – Ултрас има две победи (дома со Локомотива и на гости со Бучин), а Слога има две нерешени (на гости со Младост и дома со бившиот прволигаш Борец).
ДРУГИТЕ ДУЕЛИ ДЕНЕСКА СЕ ОД 14 ЧАСОТ: Превалец – Марена, Големо Коњари – Питу Гули, Борец – Росоман, Локомотива – Бучин.
ТАБЕЛА: Ултрас 6, Борец и Младост по 4, Марена, Големо Коњари, Превалец и Питу Гули по 3, Слога 2, Росоман, Локомотива и Бучин 0.