Фудбал

ПОБЕДА ДЕНЕСКА ПОСТАВИ НОВ ТРЕНЕР-НИКОЛОСКИ!

Јане Николоски е новиот шеф на Стручниот штаб на Победа, според денешната одлука на фудбалскиот второлигаш. Ова се случи по еден ден откако претходниот тренер Филип Мирчески поднесе оставка.

За Николоски не треба да се трошат зборови, особено за неговата пребогата голманска кариера, од Победа, преку Пелистер, Слога, до Хрватска, Кипар, Иран, како и за репрезентативната со кулминација на „Олд трафорд“ во Манчестер. Беше тренер во повеќе македонски клубови, исто и спортски директор, а во Победа и во двете функции. Него го очекува тешка задача да ја подигне Победа од 11. место на табелата во Втората лига, а првиот следен меч е дома со третопласираниот Детонит. Подготовките се од денешниот попладневен тренинг.

Интересно е што во Победа Јане Николоски во тимот го има својот син Иван за голман, а во клубот пред многу децении како играч и тренер има оставено печат и неговиот татко Мицко.

Од категоријата

КАНАТЛАРЦИ ПО ШЕСТАТА СЕРИЈА СТАНА ФИНАЛИСТ

Зоран Иге

(фото+состави+видео) ПРИЛЕП: ТОПКАТА НЕ САКАШЕ В ГОЛ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПЕНАЛ ГО СПАСИ ЛИДЕРОТ НА ДВЕ МИНУТИ ПРЕД КРАЈОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе