Турнирот во стрелаштво „11 Октомври – Опен Македонија“ во Прилеп донесе нов државен сениорски рекорд во гаѓање со воздушна пушка. Рекордер е приепчанецот Мартин Ангелески (Стрелец, Скопје) со погодени 621 круг. Претходниот рекорд беше 620, исто негов. Второ место е охриѓанката Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје) со 616,9, а трето Ирина Јованоска (Херој Прилеп) со 613,1.
Со воздушен пиштол најдобар е Јордан Тасевски (Стрелец, Скопје) со 561 круг, втор е Даниел Михајловиќ (Лихнидос, Охрид) со 546, трет Христијан Стојанов (Велес) со 540.
ЧЕТВРТИ КУП НА МССФ
ПУШКА МАЖИ: 1. Мартин Ангелески (Стрелец, Скопје) 621, 2. Никола Блажевски (Стрелец, Скопје) 603,7 3. Филип Гически (Херој Прилеп) 601,2.
ПУШКА ЖЕНИ: 1. Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје) 616,9 2. Ирина Јованоска (Херој Прилеп) 613,1 3. Магдалена Ристеска (Херој Прилеп) 606,6
ПИШТОЛ МАЖИ: 1. Јордан Тасевски (Стрелец, Скопје) 561 2. Даниел Михајловиќ (Лихнидос, Охрид) 546, 3. Христијан Стојанов (Велес) 540
ПИШТОЛ ЖЕНИ: 1. Маја Чешелкоска (Херој Прилеп) 531, Билјана Караѓорѓева (Кавадарци) 531, послаба серија, 3. Марија Шиндева (Стрелец, Скопје) 530.
Вкупно учествуваа 67 стрелци од девет македонски клуба