Најинтересниот дуел од 8. рунда на Третата фудбалска лига – Југ беше во Кривогаштани, каде доскорешниот прволигаш Борец со 4:3 ја совлада домашната Младост. Велешаните до 16. минута поведоа со 3:0, со головите на Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски и Милан Чичевски од пенал. Но, домашните не се предаваа и до 43. минута намалија на 2:3 преку Бобан Крстески и Александар Чешелковски. Меѓу двата гола, во 35. минута црвен картон доби гостинскиот фудбалер Јосиф Манасиев. Сепак, Борец издржа и без него. Во 44. минута беше 2:4 со голот на Александар Пановски, а Младост успеа само да ублажи на 3:4 преку Димитар Китаноски во 92. минута.
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Големо Коњари – Ултрас 6:2 (Ерџан Ибраимоски, Илчо Митрески 2, Мустафа Селманоски 2, Валентино Божиноски – Димитар Секулоски, Мартин Мечев), Младост – Борец 3:4 (Бобан Крстески, Александар Чешелковски, Димитар Китаноски – Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски, Милан Чичевски, Александар Пановски) , Марена – Росоман 0:0, Питу Гули – Бучин 3:0 (Ѓорѓи Стрезовски 3), Превалец – Локомотива 3:1 (Ангел Гаштев, Живко Ѓорѓиевски, Бобан Дукадиновски – Марјан Стефановски).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 9. КОЛО (12 ноември во 13 часот): Борец – Марена, Ултрас – Младост, Локомотива – Големо Коњари, Бучин – Превалец, Слога – Питу Гули.