На теренот со вешташка трева во Прилеп, во заостанат натпревар од 5. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, Цевитана – Ас унитед 0:4. Како и на претходните есенски кола, централна фигура во победничкиот тим беше голгетерката Улза Максути. Ги постигна првите три гола за Ас унитед, во 15., 36. и 60. минута, така што сега има 25 од вкупно 36 на целиот тим. Конечниот резултат го постави Оливера Цоклеска во 78. минута. За прилепска Цевитана нова можност за победа е следниот меч, в сабота (12 ч.) дома со Истатов од Скопје.
ТАБЕЛА: Саса 27, Љуботен 26, Ас унитед 23, Тиверија 22, Скопје 19, Цевитана и Истатов 12, Шкендија 7, Топ гол 5, Речица 2.
СЛЕДНО 12. КОЛО: Цевитана – Истатов, Топ гол – Тиверија, Речица – Саса, Љуботен – Шкендија, Ас унитед – Скопје.