Фудбал

ГОСТИН ВО ПРИЛЕП Е ТИМ ШТО ТЕШКО ПРИМА ГОЛ!

Денеска (14 ќ.) се седум меча од 8. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е дуелот Победа – Детонит. Главен судија е Александар Урошевиќ, помошници Дарко Јовчевски и Идриз Идризи (сите од Тетово), а делегат Илир Бектеши (Струга). На овој меч Победа има нов тренер, шеф на Стручниот штаб – Јане Николоски. Тежок меч, со оглед на тоа што Детонит освои 16 бода, двојно повеќе од Победа. Интересно за Детонит е што тешко прима гол, со исклучок на мечот со Тетекс (поразен со 4:0), на сите други 6 дуели има само уште еден примен гол (при победата над Скопје од 4:1), а има дадено трипати повеќе – 15.

ВЧЕРА: Осогово – Саса 1:1. ДЕНЕСКА ОД 14 ч.: Победа – Детонит, Охрид – Арсими, Пелистер – Скопје, Беса – Вардар Н., Тетекс – Караорман, Башкими – Кожуф, Беласица – Новаци.

ТАБЕЛА: Беса 18, Пелистер и Детонит 16, Кожуф 15, Охрид 13, Тетекс 12, Новаци и Башкими 10, Арсими и Беласица 9, Победа 8, Скопје и Осогово 7, Вардар Н. и Саса 6, Караорман 3.

Од категоријата

(видео) ЕВРОПСКОТО ПОЧНА: КОИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОД ГЕРМАНИЈА?

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ТРИПАТИ СО РЕД ИГРА ДОМА!

Зоран Иге

ШТО НАТАМУ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе