Фудбал

МЕЧОТ ЌЕ ПОЧНЕ ОД 19. МИНУТА!

Ретко се случува натпревар да биде прекинат и потоа да се доигра во друг ден. Таков е дуелот Цевитана – Топ гол, од 13. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во саботата, на теренот со вештачка трева во Прилеп, поради невремето со снег беше прекинат мошне рано, во 19. минута. Резултатот 0:1 – битолчанките водеа со голот на Ивана Милевска. Од домашниот клуб Цевитана известија дека на истиот терен, в четврток во 13 часот, ќе има продолжение, што подразбира дека мечот ќе продолжи од 19. минута натаму.

Од ова коло денеска ќе се одигра мечот во Скопје, Истатов – Ас унитед.

Од категоријата

(фото) ПОБЕДА – ВАРДАР ПЕТ:ПЕТ!

Зоран Иге

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

Зоран Иге

ЧУДНО: НЕКАДЕ СЕ ОДЛОЖИ, НЕКАДЕ СЕ ИГРАШЕ НА СНЕГ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе