На Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп, преставени се учесниците. Во сениорска конкуренција има 32 екипи од 12 места. Покрај 18 од Прилеп (Теа Андреа Хајв кафе, БП Метал, Млекара „Јока“, Џулијано, Бутик „Мадагаскар“, Табана кафе, Дино 99, ЈКП Водовод и канализација, За наш Прилеп, Комфи ангел, Пролетер, Солдерс, Ла страда, Зобома. Скара „Кај Балче“, Бест Солар Тагас Балкан, Мај плејс, ЈКП, Ролетар Боби), три се од Охрид (Инекс Олгица, АСП Пак, Гостилница „Кај Мече“), две од Битола (Фасада „Чајник“, Портал БТ), по една од Бучин (Бучин), Црнилиште (Црнилиште), Кичево (Фенербахче), Гевгелија (Тим Јосифов), Скопје (Компанија Атанасовски), Македонски Брод (Поречки квалитет), Норово (Теута), Ресен (Лимонада) и Бабино (Етно-ресторан „Бабино“).
Сениорските екипи се поделени во осум групи. Натпреварите стартуваат в сабота (18 ч.) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
За разлика од сениорите, пионерите ќе играат во ООУ „Добре Јованоски“. Кај нив се 34 тима.