Наместо во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, поради турнирот во мал фудбал вечерва футсалот се игра во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Во рамките на 10. коло од Втората футсал-лига на Македонија, од 18 часот се игра дуелот Победа – Проект. Прилепскиот состав е во налет, по одличната игра и триумфот врз струшки Енхалон, а тимот од Јосифово, Валандовско е лидер на табелата. Претстои голема битка.
ТАБЕЛА
ДВОЈКИ 10. КОЛО: Победа – Проект, Енхалон – Балкан, Скопје – Кратово, Кораби – Јувентус, Конзули – Шкендија, Мал Ајакс – Каршијака, Партизан – Университи.