Ова никој во салата на ООУ „Добре Јованоски“ не го очекуваше. Гостинскиот тим Проект од Јосифово, Валандовско со високи 12:3 ја совлада домашната Победа, во 10. коло од Втората футсал-лига на Македонија. Доволни беа првите пет-шест минути за гостите да поведат со 3:0, малку потоа и со 5:0. До финишот на првото полувреме веќе беше 8:0 за Проект, лидерот на табелата. Дури потоа видовме нешто и од домашните во обид да го ублажат поразот. Сепак, конечните 3:12 се превисоки, имајќи предвид дека Победа дома досега одлично играше есенва и успеа да совлада силни екипи.
СТРЕЛЦИ: Никола Трајкоски, Виктор Тошески, Илија Ристески (Победа) – Трајче Трајков 3, Николче Стојановски 4, Димитар Јанев, Стефан Димовски 2, Виктор Тошески – автогол, Кристијан Гавровски (Проект).
По овој резултат, на табелата Проект останува на врвот, сега со 27 бода, додека Победа е шеста со 13. Проект има 9 победи и 1 пораз (од Јувентус Серава), а Победа 5 победи, 1 нерешен меч и 4 порази, со казна за одземени 3 бода.
ОСТАНАТИ ДВОЈКИ: Енхалон – Балкан, Скопје – Кратово, Кораби – Јувентус, Конзули – Шкендија, Мал Ајакс – Каршијака, Партизан – Университи.
Во следната 11. рунда, по 10 дена, во Тетово е мечот Университи – Победа, а Проект дома игра со Енхалон.