Капитенот на Победа, Јорданчо Наумоски е веќе во битолски Пелистер, а неизвесно е што ќе одлучи вториот капитен Филип Стомнароски. Тој , исто како и Наумоски, е во најдобрите години (28) за еден фудбалер, па сосема очекуван е интересот за него од повеќе екипи. Во чии одбранбени редови ќе биде во пролетниот дел од првенството?
Иако не беше на првите тренинзи со Победа, дознаваме дека не е исклучена и опцијата останување во прилепскиот клуб.