Ракомет

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМ СО ТРЕНЕР ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Одморот завршува, стартува плеј-аутот од машката Супер-лига, почнува борбата за опстанок. В сабота (18,30 ч.) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ машкиот ракометен суперлигаш Прилеп за прв противник го има тимот Скопје. Екипата на Прилеп ја води битолчанецот Божидар Мојсов, а тренер на Скопје е прилепчанецот Оливер Димитриоски.

Ако се земе предвид есенскиот дел, каде во фазата по групи Прилеп освои 10, а Скопје само 2 бода, прилепскиот тим е голем фаворит. На табелата екипите имаат пренесени бодови од претходната фаза, Голден арт и Пелистер 2 по 3 бода, Аеродром и Прилеп по 2, Куманово и Мултиесенс по 1, Вардар Н. и Скопје се без бод. Само најдобрите три се спасуваат.

Прилепскиот тим има две засилувања: левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш) и средниот бек Ерик Андраде (Бразил).

Од категоријата

ПРИЛЕП: ДВЕ ЕКИПИ ВО ИСТА САЛА ИМААТ ПРВ СОБИР!

Зоран Иге

ДЕСПИНА ГО СОВЛАДА СКОПЈЕ

Зоран Иге

ГОЛЕМ БОД ЗА ПРИЛЕП ОД КУМАНОВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе