100 години фудбал во Прилеп

ПОСЛЕДНИОТ ПЛАКАТ ЗА ПОБЕДА

Секое време носи промени, така и во спортот. Возрасните се сеќаваат дека пред секој спортски натпревар на домашен терен, спортските екипи ги информираа спортските љубители со плакати, налепени на влезовите од спортските објекти и на најпрометните места низ градот. Имаше плакати за Победа, 11 Октомври, Варош, Тутунски комбинат… Плакатот содржеше слика или цртеж, фигура од спортист (фудбалер, кошаркар, ракометар…), ранг на натпреварот, имиња на екипите, место и време за почеток,

Во сеќавања се плакатите за Победа. Во клубот имаше задолжени луѓе да ги отпечатат , да ги впишат податоците, да ги налепат на повеќе места. Во пресрет на неделниот натпревар, плакатите беа поставувани совреме, обично во среда за време на првиот пазарен ден, за да можат фудбалските симпатизери да се запознаат и меѓу себе да ги разменат информациите. Така и почнуваше загревањето на атмосферата. За натпреварите влезници се продаваа пред нивниот почеток, пред Градскиот стадион „Гоце Делчев“, но за големите дерби-мечеви, со ОФК Београд, Вардар, Тетекс и сл., влезници се продаваа на пунктови во центарот на градот, каде што беа и плакатите. Оваа традиција на информирање опстојуваше со децении, се до казните од УЕФА, во сезоната 2009/10. Четири години подоцна, летото 2014 година, се направија обиди да се вратат плакатите, на пријателскиот меч со Македонија ЃП, за куп-матпреварот со Металург, но токму тогаш стигна суспензијата на стадионот од четири меча без гледачи, така што идејата пропадна.

Сега е друго време, време на Интернет, Фејсбук, Инстаграм итн. па, веројатно, се смета дека плакатите не се веќе потребни.

Од категоријата

(ВИДЕО) НАЈНОВА КНИГА ЗА ФУДБАЛОТ ОД ЦВЕТКО РУЛЕСКИ

Зоран Иге

ПРВАКОТ НЕ БЕШЕ ЧУДНО ДА ПРИМИ И 5 ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

НА ДЕРБИ КОГА ГОСТУВА БЕЛАСИЦА, СТАДИОНОТ Е ПОЛН ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе